WhatsApp сервисот им овозможува на корисниците да ги одржуваат своите разговори, медиуми и други ставки, користејќи ја резервната копија. И додека досега можевме да направиме бекап на многу податоци, компанијата најави нови промени кои се однесуваат на чувањето на нашите содржини.
И додека неодамна сите корисници на оваа апликација можеа да ги чуваат своите податоци во рамки на бекапот, од WhatsApp соопштија дека од 12. ноември ќе мораат да ги надградат своите резервни копии. Ова посебно се однесува на содржината на која не и пристапиле со години наназад.
Било кој бекап кој не е ажуриран подолго од една година автоматски ќе биде отстранет од 12 ноември, додека некои корисници можат да ги видат овие промени порано. За да го избегнете губењето на бекапот, препорачуваме луѓето да ги апдејтуваат резервните копии пред овој датум, гласи соопштението на компанијата.
Во спротивно, системскиот апдејт ќе ги избрише сите четови, слики и видео записи кои ги добиле и испратиле корисниците. Сепак, благодарение на договорот со компанијата Google, WhatsApp ќе може да креира резервни копии на податоците на сите корисници, а квотата е 15 GB.