Сигурно, најмалку барем еднаш сте пребарувале нешто на интернет што не би му го кажале на некој друг…
Откако сте го пронашле она што ве интересира, во секунда почнувате да размислувате како да ги скриете своите траги, посебно ако предмет на вашата потрага била порнографска содржина.
Голем дел од луѓето мислат дека со отстранувањето на податоците од интернет пребарувачот се отстранети сите траги и никој нема да дознае што била целта на пребарувањето. Сепак, тоа е лимитирано само на уредот кој го користите.
Токму така, бришењето на History ќе направи вашата интернет активност да биде скриена од сите корисници на тој уред, но нема да направи вашето пребарување да исчезне. За да се изврши навистина таинствено пребарување, постапката е многу подолга отколку што мислите.
Замислете дека сте купиле нов телефон и по само неколку јавувања и испратени пораки, решавате да му направите Master Reset и да го вратите на фабричките сетинзи. Во тој случај, телефонските повици и пораките ќе бидат избришани од вашиот уред, но ќе продолжат да постојат кај оние уреди со кои сте контактирале.
Слично е и со податоците од вашето пребарување. Откако ќе ја избришете историјата на пребарување од вашиот пребарувач веќе нема да се појавуваат податоците, но тие сепак ќе останат запишани во My Activity категоријата на Google. Оние кои сакаат да го надмудрат Google ќе пробаат да се одјават од нивниот Google профил, но делови од податоците сепак ќе останат како привремени (temp files), па затоа треба да се ослободите и од нив бидејќи во спротивно ќе оставите трага за вашето пребарување.
Вашиот ISP ја забележува секоја страна која ќе ја посетите, како и сите податоци кои ги пребарувате и симнувате. Поради тоа е многу побезбедно да користите VPN, кој ви овозможува да го пренасочите вашиот интернет сообраќај на друг сервер, како вашето пребарување би било безбедно и шифрирано.
Сепак, тоа не значи дека вашите податоци нема да бидат искористени од страна на страниците кои ги посетувате. Земете ја за пример Pornhub, страна која ве снабдува со порнографска содржина. Од Pornhub велат дека најважна им е вашата приватност и безбедност, а сепак собираат податоци поврзани со вашата локација, возраста, колку често ја посетувате страната и што гледате на неа, па така ви дава порелевантни видеа поврзани со вашите интереси.
Накратко, никогаш не можете да ги избришете сите податоци од интернет, колку и да се трудите. Секогаш ќе постои некој кој ве следи, некој кој ги задржува и ги користи вашите податоци. Единствено што можете да направите е да бидете внимателни околу тоа што пребарувате и каде го правите тоа.
Вашите пребарувачки навики на порногтрафските страници всушност никогаш не се во целост тајни, бидејќи сигурно ќе завршат во рацете на некои огласувачи.