Руската агенција за вселенски истражувања “Роскосмос” има големи планови за иднината, а за што точно станува збор е откриено во приложените видео-снимки.
Вселенските програми кои рускиот “Роскосмос” ги подготвил за непосредната иднина, пред неколку години, едноставно биле дел од сценарио за научна фантастика.
Научниците кои работат на новите вселенски проекти ги откриле идните планови за истражување на вселената, кои ви ги пренесуваме во продолжение.
1. Проучување на адаптацијата на човечкиот организам на Месечината
Програмата Selena-F има за цел проучување на адаптацијата на човечкиот организам на Месечината. Главна цел на истражувањето е да се дознае како човечкиот кардио-васкуларен и мускулно-скелетен систем функционира на Месечината.
Во видеото, директорот на рускиот Институт за вселенска медицина, Др. Виктор Баранов, објаснува како работата на центарот ќе помогне не само во вселенската медицина и психологијата, туку и во изградбата на посебни унифроми.
Колонизација на Месечината
На друга снимка, научниците на “Роскосмос” даваат информации за плановите за колонизација на Месечината, додека Др. Игор Митрофанов објаснува колку е значајна водата која се наоѓа под површината на Месечината.
Оваа замрзната вода може да содржи траги од меѓупланетарни, па дури и меѓуѕвездени материјали, па Митрофанов нагласува дека ако овој материјал го донесеме на Земјата и го проучиме, еден ден ќе може да ни помогне да ја откриеме тајната за појавувањето на живот на Земјата.
Враќање на Венера
Во групата видеа на “Роскосмос” има и видео кое дава фасцинантни детали од руско-американскиот програм за враќање на планетата Венера, познат како “Венера-Д”.
Венера Воронов, главен дизајнер на проектот “Венера-Д”, која работи за воздухопловна компанија специјализирана за производство на ракетни компоненти, дава детали за строгите барања на новата програма.
Програмата, според плановите на Воронов, сочинува специјални возила за слетување како и атмосферски детектори кои ќе можат да издржат неколку дена во лоши временски услови.
Вселенски станици преку Нептун?
Конечно, гледајќи во далечната иднина, младите научници од Русија и целиот свет имаат заедничка визија, еден меѓупланетарен простор кој би требало да биде стациониран над атмосферата на планетата и воедно окружен со гасовитите џинови како Сатурн, Уран и Нептин.
Во видеото, професорот од одделението за системи за придвижување на ракетата Бауман, Владимир Игкритски, истакнува дека заедно со Венера, планетата окружена со гасови, има доволно гравитацијата слична на Земјата, која е во состојба да одржи човечки живот.
Извор: B92.net