OnePlus сака да го следи примерот на Xiaomi, создавајќи свој сопствен екосистем на сродни производи. Компанијата веќе нуди додатоци како што се слушалки и ранци, но сега цели и поголеми уреди како телевизори.
Веста беше споделена од извршниот директор на OnePlus, Пит Лау, кој наведува дека телевизорите имаат потенцијал за нешто повеќе, а не само екран за гледање на вашата омилена содржина.
Засега нема повеќе детали за уредот што се уште нема име, но ќе служи за поврзување на различни производи од паметниот дом.
Во интервју за „Business Insider“, Пит Лау наведува дека уредот може да се појави на пазарот следната година, а последователни софтверски ажурирања ќе ја прошират функционалноста. Очекуваме тоа да е премиум производ од висока класа со можност за лесно поврзување со смартфонот на корисникот, со вградена камера и со вештачка интелигенција.
Телевизорот ќе се развива од нов оддел на компанијата и засега е во многу рана фаза од своето постоење, а во меѓувреме OnePlus бара повратни информации од корисниците какви функции очекуваат да ги видат.
Поврзани артикли