Во текот на последната година вообичаена тема беше дека голем број премиум уреди со Snapdragon чипсет остваруваат подобри LTE брзини во споредба со она што може да го овозможи iPhone X.
Сега, SpeedSmart, сервис за тестирање на брзините, ги објави првобитните резултати на тестирањето на iPhone XS LTE брзините во споредба со минатогодишниот iPhone X модел. Резултатите покажуваат значителни подобрувања и разлики помеѓу брзините. Новиот iPhone Xs и Xs Max имаат нов модел кој поддржува 4X4 MIMO антени за посилна и постабилна конекција.
Само за споредба, iPhone X поддржува само 2X2 MIMO. Единствен кој нема да добие побрзи модеми е поевтиниот iPhone XR модел. Покрај 4X4 MIMO, iPhone XS поддржува и QAM и LAA, кои iPhone X не ги поддржува, а заедно помагаат да се постигне побрз LTE.