Протекоа нови податоци за карактеристиките на Xiaomi Redmi Note 6 Pro

Кинеската компанија Xiaomi наскоро би требало да го претстави моделот Redmi Note 6 Pro. Досега протечените информации сугерираат дека телефонот ќе има Snapdragon 660 чипсет, 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање.

Благодарение на протечените фоотографии на малопродажното пакување на уредот, откриени се повеќе детали за новиот модел на Xiaomi.

Redmi Note 6 pro ќе има 6,26-инчен екран со засек на врвот, четири камери и голема батерија.

Дисплејот пристигнува во Full HD+ (2.280 X 1.080p) резолуција и со 19:9 однос на страници. Системот на камери на задната страна се состои од два сензора од 12 MP и 20 MP, додека предните камери ќе ги сочинуваат 20MP + 2MP модули.

 

Протечената фотографија потврдува 4GB RAM и 64 GB интерна меморија, но се очекуваат и верзии во комбинации 3GB/32GB и 6GB/64GB. Батеријата ќе биде иста на сите модели и ќе има капацитет од 4.000mAh.

Засега се уште нема информации за датумот на премиерата на уредот, како ни за достапните бои и цени на Xiaomi Redmi Note 6 Pro.