Мажите на овој остров се забранети (ВИДЕО)

Бизнисменка од Германија, Кристина Рот, купила остров и го нарекла „SuperShe“. Всушност станува збор за приватно луксузно одморалиште во Финска во кое им е забранет влез на мажите.

Рот вели дека целта ѝ била да создаде одморалиште само за жени каде што тие ќе може да се оддалечат од секојдневниот притисок и каде што ќе можат да ја прифатат сета женска енергија.

Островот може да угости само 10 жени во исто време, во луксузните дрвени куќи и нуди бројни активности за нега на телото како и социјални активности. Рот е авторка и на блогот „SuperShe“ кој ги охрабрува жените да се поврзат, да станат пријателки и да ги охрабруваат другите жени. Вели дека инспирацијата за исклучиво женско одморалиште ја пронашла од сосптвениот живот.

„Живеев, дишев и работев во свет во кој доминираат мажите. Дури пред неколку години кога почнав да патувам, запознав многу неверојатни жени ширум светот“, рекла таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Откако нејзиниот партнер ја запознал со убавините на Финска, Рот решила да го купи овој остров и да го реновира. Но пред да сакате да резервирате место, неопходно е да знаете дека тоа не е така едноставно. Рот сама ги бира гостите. Оние кои се заинтересирани мора да се подготват за детална проверка.

Рот вели дека најважно е нејзините гости да имаат супер личност. Силна личност е wild card за рајскиот остров. „Важно е да сте опуштени и супер кул, зошто, сепак, сте на остров“, вели Рот. „Тоа ќе направи на сите да им биде забавно и пријатно“, додава таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сепак, до неа стигнуваат коментари дека нејзиниот проект е феминистички и дека тоа е простор кој го креирала богата бела жена за жени слични на неа. Многумина се загрижени и за начинот на кој се бираат гостите како и за цените кои се држат во тајност. Но, Рот ги отфрла сите негативни коментари велејќи дека островот е отворен за сите жени вклучувајќи ги и оние од ЛГБТ заедницата и дека на островот нема диксриминација.

Самата локација на одморалиштето е тајна. Познато е само дека се наоѓа во Финска на брегот на Балтичкото Море.