Технолошкиот гигант Google објави дека кон крајот на март следната година ќе ја угаси својата апликација Inbox. Веста навистина нема да им се допадне на оние кои ја засакаа апликацијата, токму поради фактот дека не е Gmail.
Уште во 2014. година, Gmail тимот покрена експериментална апликација за електронска пошта која се вика Inbox. Работеше со постоечките Gmail адреси на корисниците, но пружаше различно корисничко искутво во споредба со главната апликација.
Inbox апликацијата е развивана и дизајнирана за мобилни уреди. Меѓутоа, изгледа дека експериментот е завршен, бидејќи Google ќе го угаси проектот Inbox следната година.
Inbox подоцна стана терен за тестирање на новите функции, како Smart Replay и другите кои подоцна беа додадени во главната апликација Gmail. Многу функции и подобрувања на Inbox постепено се префрлија на Gmail, така што во овој момент нема многу причини поради кои компанијата би требала да продолжи со овој проект.
Поврзани артикли