Lexus претстави 20-метарска луксузна јахта

Оваа 20-метарска јахта ќе ги воодушеви сите љубители на морскиот луксуз, а во продажба ќе се појави во втората половина на следната година.

Lexus ја претстави 20-метарската јахта LY 650 и со овој потег сака да им се придружи на Porsche, Bugatti и Aston Martin кои освен автомобили, во портфолиото потпишуваат и јахти.

Lexus го става моделот LY 650 во иста категорија со најмоќните модели на автомобили – LS, LX SUV и LC coupe, значи се работи за самиот врв на понудата и велат дека оваа јахта е доказ за нивното константно истражување и поместување на границите во рамките, но и надвор од автомобилската индустрија.

Дизајнот на импресивната јахта е дело на Lexus, а производството е препуштено на групацијата Marquis-Larson Boat од Висконсин.

LY 650 располага со дури три луксузни дневни соби, три спални соби за шест лица и неколку повеќенаменски простории за опуштање. Цената уште не е позната, а не се објавени и податоци за погонот.