Веднаш откако Apple ги претстави своите нови паметни телефони, LG одлучи да ги израдува своите фанови со објавување кога ќе биде премиерата на следниот предводник на компанијата.
Веќе е јасно дека станува збор за моделот LG V40 ThinQ и знаеме дека официјалната презентација ќе биде на 3-ти октомври на специјален настан во Њујорк, пред да биде демонстриран во Кореја следниот ден.
Компанијата, исто така, објави краток тизер, потврдувајќи дека уредот ќе има тројна главна камера.
https://youtu.be/zZw7Yk1-oCY
Видеото покажува како паметен телефон доловува четири кадри – стандардни, широкоаголни и телефото, плус портрет. Сето ова укажува на тоа дека LG V40 ThinQ ќе го следи примерот на Huawei P20 Pro и ќе обезбеди тројна главна камера, но во друга конфигурација. Очекуваме и двојна камера за селфи.
Други карактеристики вклучуваат Snapdragon 845 чипсет, 6GB RAM, 3300 mAh батерија и 128GB вградена меморија. Неодамна, исто така, се појавија рендери кои даваат добра идеја за дизајнот на моделот.
Поврзани артикли