Tesla се чини е предодредена да привлекува медиумско внимание…
Без оглед на тоа дали станува збор за одложена продукција или Илон Маск нешто изјавил или направил, американскиот производител на возила често се наоѓа на насловните страници. Овојпат, уште еднаш, со нешто позитивно …
Не е тајна дека производството на популарниот Model 3 уште од почетокот постојано доцни, како и тоа дека се поголем број потенцијални клиенти се подготвени да ја откажат својата нарачка. Во јануари беа произвведени само 1.875 единици, еден месец подоцна 2.485, а во март 3.820 единици. Меѓутоа, во август, Tesla на клиентите им испрачал 17.800 едииц, што е повеќе и од вкушниот број на испорачани патнички автомобили на BMW (14.450) на американскиот пазар.
Сепак, ако ја погледнете целосната продажба, германскиот гигант се уште е напред, откако ќе се додадат 9.339 теренци. Речиси сите автомобили на BMW бележат голем пад на пазарот во САД, а најмногу Серија 2 (-43%), Серија 4 (-42%) и Серија 3 (-30%). Од друга страна страна, i8 привлекол 67 нови корисници (+131%), Серија 7 – 7.497 (+9%), а Серија 6 – 114 (+4%).
Ништо подобра ситуација и кај другите германски премиум производители. Од 20.339 продадени примероци во август, само 8.806 се патнички автомобили. Со исклучок на Ѕ-класата, сите автомобили на компанијата бележат висок пад на продажбата, а особено Е-класата (-39%).
Audi извршил испорака до 20.907 клиенти, од кои кросоверите чинат бројка од 11.851. Новиот А4 забележал раст на продажбата од 22%, но сите останати модели пад – А6 (-89%), А8 (-87%) и А7 (-71%).
Поврзани артикли