Покрај петте објекти во Кореја, САД, Велика Британија., Канада и Русија, Научниот центар на Samsung за истражување и развој воспостави уште еден Центар за вештачка интелигенција во Њујорк со фокус на роботика
Со цел зајакнување на своите способности за вештачката интелигенција, Компанијата Samsung отвори нов истражувачки центар за вештачка интелигенција (АИ) во Њујорк, САД, лоциран во областа Челзи (123 West 18th St).
Со новоотворениот Центар за вештачка интелигенција во Њујорк предводи Даниел Д. Ли (Daniel D. Lee), Извршен Потпретседател на Дивизијата на Самсунг за истражување и развој и глобален еминентен стручњак за роботиката со вештачка интелигенција. Во соработка со водечкиот стручњак за технологија за вештачка интелигенција базирана на невронски мрежи – Х. Себастијан Сеунг (H. Sebastian Seung), Извршен Потпретседател на Научниот центар на Самсунг за истражување и развој, Центарот за вештачка интелигенција во Њујорк ќе работи на напредно истражување за вештачката интелигенција за роботиката. Како главен истражувач во Самсунг Електроникс, Сеунг исто така ќе ја советува Компанијата Самсунг за напредни АИ истражувања во идните развојни можности за раст на бизнисот.
“Потребно е да се фокусираме кон создавањето на нови вредности кои го олеснуваат и го прават поудобен животот на луѓето преку користење на моќта на вештачката интелигенција во производите и услугите на Самсунг. За да успееме во ова, нашите Глобални Центри за Вештачка Интелигенција, вклучувајќи го и Центарот во Њујорк, се од суштинска важност.“ – изјави Хјун-сук Ким (Hyun-suk Kim), Претседател и Раководител на Дивизијата за Истражување, која опфаќа истражувања и развој во Дивизијата за уреди во Самсунг Електроникс.
Самсунг ги претстави своите плановите за проширување на напредните можности за истражување на вештачката интелигенција преку вработување на околу 1.000 специјалисти до 2020 година. Ова е биде шестиот центар за вештачка интелигенција на Самсунг во светот и ќе работи во партнерство со останатите истражувачки капацитети на Компанијата кои се наоѓаат во Кореја, Велика Британија, Канада, Русија и во Силиконската долина, САД.
“Возбудени сме што отворивме нов центар за вештачка интелигенција на Самсунг во Њујорк, специјализиран за истражувања во областа на роботиката. Њујорк е еден од најголемите градови во светот, а со овој нов објект ќе можеме да ги искористиме огромните таленти во оваа област. Исто така, се радуваме на соработката со врвни универзитети и академски центри во регионот.“ – изјави Даниел Д. Ли.
Глобалните центри за вештачка интелигенција ќе придонесат кон истражувањата на Самсунг за овој вид на интелигенција, користејќи ги предностите на регионите во кои се наоѓаат, а се очекува Компанијата Самсунг да ги прошири своите центри за вештачка интелигенција и на други локации богати со таленти и технологија, со што ќе ја зацврсти својата позиција како лидер во истражувањето на вештачката интелигенција во индустријата.
„Областа на вештачката интелигенција направи револуционерен напредок со конечно прифаќање на невронските мрежи. Ова е само почеток на новата ера на иновации со вештачката интелигенција и ние во Истражувачкиот Центар за вештачка интелигенција во Њујорк се гордееме што сме дел од оваа возбудлива мисија.“ – изјави Х. Себастијан Сеунг (H. Sebastian Seung), Извршен Потпретседател на Научниот центар на Самсунг за истражување и развој.
За повеќе детали за “Samsung Research“ – Дивизијата за Истражување на Самсунг и глобалните Центри за вештачка интелигенција, посетете ја официјалната веб-страница: http://research.samsung.com .