Група истражувачи од Универзитетот во Левен во Белгија ја демонстрираа ранливоста на познатите автомобили Tesla. Специјалистите покажаа дека со помош на евтина опрема базирана на Raspberry Pi можете да го копирате клучот од електричното возило, да добиете целосен пристап и без посебни проблеми да го отклучите.
Целиот сет може да се купи за околу 600 долари, а со малку креативност можете да си „набавите“ ново возило. Целиот процес се состои од четири едноставни чекори.
Истражувачите уште минатото лето ја посочија ранливоста на автомобилите на Tesla, а за тоа веднаш ја известија и компанијата. Таа, пак, им платила 10.000 долари и продолжила да го решава проблемот. Во моментов, нарушувањето на безбедноста е веќе отстрането со ажурирање на софтверот.
Поврзани артикли