Истражувачи на Универзитетот во Британска Колумбија развија нов трансдуктор на ултразвук, или сонда, што може драстично да ги намали трошоците за ултразвучни скенери од илјадници на само 100 долари.
Нивната иновација, не поголема од бележник, е пренослива и може да се напојува со мобилен телефон.
Конвенционалните ултразвучни скенери користат пиезоелектрични кристали за да создадат слики од внатрешноста на телото и да ги испратат на компјутер за да креираат сонограми. Истражувачите ги замениле пиезоелектричните кристали со ситни вибрирачки тапани направени од полимерна смола, наречени polyCMUTs (полимерни капацитивни микропроизведени ултразвучни трансформери), кои се поефтини за производство.
“Тапаните на трансдуцерите обично се направени од крути силиконски материјали кои бараат скапи производствени процеси контролирани од околината, а тоа ја попречува нивната употреба во ултразвук”, рече авторот на студијата, Карлос Хеердо, докторант по електротехника и компјутерско инженерство во UBC.
“Со користење на смола од полимер, бевме во можност да произведеме polyCMUTs во помалку фабрички чекори, користејќи минимална количина на опрема, што резултира со значителни заштеди на трошоците”.
Сонограмите произведени од UBC уредот беа подеднакво остри или дури подетални од традиционалните сонограми произведени од пиезоелектрични трансформери, рече ко-автор Едмонд Крету, професор по електричен и компјутерски инженеринг.
“Бидејќи на нашите трансдуктори му требаат само 10 волти да работат, може да се напојува со мобилен, што го прави погоден за користење на далечни или ниско-енергетски локации”, додаде тој.
“И за разлика од крутите ултразвучни сонди, нашиот уред има потенцијал да биде вграден во флексибилен материјал кој може да се завитка околу телото за полесно скенирање и подетални сонограми- без драматично зголемување на трошоците”.
Коавторот Роберт Ролинг, исто така професор по електричен и компјутерски инженеринг, рече дека следниот чекор во истражувањето е да развие широк спектар на прототипови и конечно да се тестира нивниот уред во клинички апликации.
“Можете да ги минијатуризирате овие трансдуктори и да ги користите за да ги погледнете внатре вашите артерии и вени. Можете да ги држите на градите и да имате постојано надгледување на вашето срце во вашиот секојдневен живот, отвора толку многу различни можности”, рече Ролинг.