Останува уште помалку од една седмица до конференцијата на која што Apple ќе ги претстави трите нови модели на iPhone и новата генерација на паметниот часовник.
Гласини во врска со новите уреди на Apple кружат на интернет веќе со месеци, така да тешко дека Тим Кук ќе изненади со некоја нова супер опција на телефоните и часовниците, но би можел барем да изненади со цената.
Досега имаше различни информации околу цената – од тоа дека наследникот на iPhone X ќе се продава по цена од 1000 долари, а новиот модел iPhone X Plus ќе се продава по цена од 1100 долари, па се до гласини дека новиот iPhone XS (наводното име на наследникот на Х) ќе се продава по цена од 900 долари, а неговата поголема верзија Plus по цена од 1000 долари.
Сепак, последните информации кои што се појавија носат одлични вести за сите потенцијални купувачи на телефоните на Apple – според нив, новата генерација на iPhone X ќе чини 800 долари, односно 200 долари помалку во однос на моделот кој што моментално е на продажба, додека пак моделот со 6,1-инчниот LCD екран ќе чини 700 долари.
Ако овие гласини се вистинити, тоа значи дека Apple настојува да го задржи својот ценовен распон – имено, моментално iPhone 8 со 4,7-инчниот екран чини 700 долари, а наскоро по истата цена би требало да се продава и новиот модел со екран со големина од 6,1 инчи.
Цената на iPhone 8 Plus, уред со 5,5-инчен екран моментално изнесува 800 долари, а неговото место треба да го заземе новиот уред со 5,8-инчен OLED екран, а новиот iPhone X/XS Plus би требало да чини 1000 долари. Секако, овие цени се однесуваат на основните модели со 64 GB интерна меморија.
Извор: Zimo.hr