Причината поради која Плутон го изгуби статусот на планетата не е валидна, покажува новото истражување на Универзитетот на Орландо, пишува Science Daily.
Во 2006 година, Меѓународната астрономска унија постави дефиниција за планета според која вселенското тело треба да ја “исчисти“ својата орбита, или со други зборови да биде најголемата гравитациона сила во својата орбита.
Бидејќи гравитацијата на Нептун влијае врз својата соседна планета Плутон, а Плутон ја дели својата орбита со замрзнати гасови и објекти во појасот Кујпер, тоа значеше дека Плутон не го исполнуваше статусот на планетата.
Сепак, во нова студија објавена минатата среда во списанието Icarus, планетарниот научник Филип Меџер, објави дека овој стандард за класификација на планетите не е поддржан од страна на истражувачката литература.
Меџер, кој е главен автор на студијата, ја разгледал научната литература од изминатите 200 години и открил само една публикација – од 1802 година – го употребила условот за “расчистување“ на орбитата за класификација на планетите, и се базирала врз причини кои оттогаш се јавуваат како непроверени.