Научниците развија нова теорија за потеклото на мистериозната состојба, позната како “болка на фантомските екстремитети“. Хипотезата се базира на претходната работа на револуционерниот третман на состојбата, која користи машинско учење и зголемена реалност, пишува Science Daily.
Овој феномен, со кои луѓето кои изгубиле екстремитет може да доживеат силна болка, навидум сместена во тој исчезнат дел од телото, досега не е доволно истражен. Состојбата може да предизвика изнемоштенист и драстично да го намали квалитетот на животот на пациентот. Но, актуелните идеи за потеклото на овој феномен не можат да се објаснат преку клинички наоди, ниту пак да обезбедат сеопфатна теоретска рамка за негово проучување и лекување.
Сега, докторот Макс Ортиз Каталaн од Технолошкиот универзитет Чалмерс, Шведска, разви нова теорија за потеклото на мистериозната состојба – и тој нејзе ја нарекува “стохастично заплеткување“.
Според Каталан, по ампутацијата, нервните кола поврзана со исчезнатиот екстремитет ја губат својата улога и стануваат подложни на заплеткување со други нервни мрежи – а во овој случај, мрежата е одговорна за рецепторите на болка.
“Замислете да ја изгубите раката, и тоа остава голем дел на т.н. “недвижен имот“ во вашиот мозок, и во нервниот систем како целина, без работа. Престанува да обработува било каков сензорен влез, и престанува да произведува моторни движење за да ја придвижат раката. Тој престанува да работи, но не престанува да молчи“, објаснува Каталан.
Поврзани артикли