Американците почнаа да му веруваат помалку на Facebook по скандалот со истекот на кориснички податоци, покажуваат резултатите од новото истражување на Pew Research Center за односот на корисниците кон социјалната мрежа.
Во последните 12 месеци, 26% од испитаниците ја отстраниле апликацијата Facebook од својот смартфон, утврдува истражувањето на Pew. 42% пак признаваат дека почнале да прават долги паузи и не проверувале за надградби во текот на неколку недели или дури и повеќе.
54% од испитаниците ги смениле поставките за приватност на Facebook. Секој десетти корисник ги сочувал личните податоци собрани од Facebook. Половина од корисниците, ги преземале податоците, па ја избришале апликацијата од смартфонот. 79% го ресетирале системот за заштита на мрежата.
Најнедоверливи кон социјалната мрежа се младите на возраст 18-29 години. Половина од нив ја отстраниле апликацијата, а две третини ги промениле поставките. Во исто време, една третина од луѓето на возраст над 65 години ги промениле поставките и само 10% ја отстраниле апликацијата.