Можни се проблеми со пристап до интернет на 11. октомври во целиот свет, предупреди ICANN, непрофитна организација која управува со домени и IP адреси.
На 11. октомври, ќе има прва промена на криптографски клучеви кои го штитат системот за домен имињата DNS. Во врска со оваа промена, можно е мал процент на интернет корисници да доживеат тешкотии.
Со други зборови, можни се проблеми со отворање на веб-сајтовите според URL-то, наведен во лентата за адреси на прелистувачот. ICANN сугерира дека последиците од промената на криптографските клучеви ќе бидат минимални за крајните корисници.
Експертите велат дека промената на безбедносните клучеви на DNS нема да доведе до голем пад на интернет. Таква е, на пример, експертската проценка на меѓународната компанија Group-IB, специјализирана за превенција и истрага на компјутерскиот криминал.
„Ние веруваме дека ICANN презеде многу сериозен пристап за ажурирање на поставките. Не очекуваме големи падови на Интернет“, велат од Group-IB. Но, дури и ако тоа се случи за одредени домени, проблемот ќе биде отстранет доволно брзо, уверуваат од компанијата, која ја администрира промената на криптографските клучеви.