Во денешно време, производителите на смартфони посветуваат поголемо внимание на перформансите на паметниот телефон и на квалитетот на камерите, отколку на моќта на батериите и времетраењето на едно полнење. Сепак, има и такви (можеби не толку „извикани“ смартфони), кои можат да се пофалат со издржливоста на батеријата. Во продолжение, ви ги нудиме трите предлози за најдобрите смартфони на пазарот денеска, кои имаат најиздржливи батерии.
CATERPILLAR CAT S61
Време на работа: 17 часа и 35 минути
На прво место на оваа листа се најде Caterpillar CAT S61, индустриски паметен телефон за работа на терен. Последните тестови покажале дека батеријата на телефонот работи цели 17 часа без полнење. Сепак, малку е веројатно дека паметниот телефон ќе биде популарен кај обичните корисници. Прво дизајниран е за инженери и градежници, затоа што има термовизиска камера, сензори за мерење на загадување на воздухот, ласерско метро и неверојатна заштита при случај на пад од високо и пад во вода.
LG X POWER 2
Време на работа: 15 часа и 45 минути
Речиси 16 часа со едно полнење е многу, но со LG X Power 2 ќе мора да направите некои отстапки ако сакате вака моќна батерија. Екранот има ниска резолуција (1280 × 720 пиксели од 5,5 инчи), нема скенер за отпечатоци, а камерата од 13 MP прави пристојни фотографии само при добро осветлување.
SONY XPERIA XZ1 COMPACT
Време на работа: 13 часа и 44 минути
Xperia XZ1 Compact е компактен gadget со високи перформанси на Android 8, кој може да работи без полнење повеќе од 13 часа. Ова милениче на Sony е со Snapdragon 835, 4 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија. За полнење, можете да користите универзален USB-C конектор.