Јапонците планираат на домашниот пазар во текот на следната деценија да понудат летачки автомобил. Во изготвувањето на мапата на патот за овој проект ќе учетвуваат 20 светски познати компании, вклучувајќи ги Airbus и Uber.
Јапонските медиуми објавија дека работата на летечки автомобил е веќе започната, а групата на компании кои учествуваат во овој амбициозен проект, формирана по иницијатива на владата на земјата ја предводат од Uber, Japan Airlines, Airbus, Boeing, NEC и Toyota..
Јапонија за проектот има одвоено 40,4 милијарди долари, а од Министерството за економија, трговија и индустрија, велат дека во 2019 ќе бидат произведени моторот и други пратечки додатоци за летечкиот автомобил.
Министерот за економија на Јапонија, Хирошиго Секо, вели дека летечките автомобили ќе го олеснат движењето во сообраќајниот метеж во големите градови, но, исто така, ќе го олеснат транспортот на луѓе и стока на островите и одалечените, недостапни планински области во земјата.
Во меѓувреме, Јапонија планира да се донесе нови закони и така да ја преземе водечката улога во светот кога станува збор за закони кои се однесуваат на летечки автомобили.
Поврзани артикли