Јужнокорејската компанија Samsung до крајот на оваа година планира да го претстави својот прв телефон на преклопување со флексибилен екран, уред за кој што веќе долго време се зборува.
Директорот на компанијата, Кох најави дека телефонот на преклопување би можел да биде претставен на конференцијата на Samsung во ноември, меѓутоа се уште не е познато дали телефонот ќе биде пуштен во продажба до крајот на оваа година.
Кох призна дека развојот на „мистериозниот“ телефон бил комплициран, а според гласините, Самсунг се подготвува за пласирање на телефон со флексибилен екран и тоа како дел од линијата Galaxy Note.
Самсунг веќе со години експериментира со OLED панелите, а компанијата првиот прототип го претстави уште во 2012-та година. Оттогаш Samsung наводно има и тестирано телефон со два екрани со цел да се исполни главната идеја на компанијата – пласирање на телефон на преклопување и револуција на пазарот со паметни телефони.
Кох не откри премногу детали и само нагласи дека новиот паметен телефон ќе биде импресивен.
Според гласините, телефонот на преклопување на Samsung би можел да има еден 7-инчен екран кој ќе се превиткува, па телефонот ќе може да се склопи како паричник.
Инаку, Samsung не е единствената компанија која што развива вакви уреди – според досегашните достапни информации, вакви телефони развиваат и компаниите Lenovo, Microsoft и LG, но не е познато до каде се со развојот и кога би биле пласирани на пазарот.
Поврзани артикли