Иако Мајкрософт неодамна комплетно го редизајнираше изгледот на Skype, компанијата планира повторно да го стори истото. Според публикацијата на официјалниот блог на Skype, софтверскиот гигант планира новиот дизајн на апликацијата да биде во служба на едноставноста.
– Со зголемувањето на функционалноста на Skype сложеноста на апликацијата расте. Како и со секој мултифункционален производ, одржување на едноставност при проширување на функционалноста е од клучно значење за неговата употребливост, пренесоа од Мајкрософт.
Апликацијата која првпат излезе во 2003 година постојано се развива и се менува, додавајќи се повеќе и повеќе нови функции – на пример, една од најновите верзии поддржува снимање на разговори. Но, промените во дизајнот воведени минатата година се покажаа како премногу комплицирани за корисниците. На пример, стана потешко да се прават повици, а „акцентите“ (Highlights) не им се допаѓаат на мнозинството на потрошувачите.
Слушајќи ги критиките, Мајкрософт ќе се обиде да го поедностави Скајп. Некои од промените што во моментов се развиваат вклучуваат поедноставна навигација и фокус на текстуални пораки и повици. Компанијата исто така ќе ја преработи листата со контакти, за да се олесни пребарувањето и да го направи Скајп помодерен и посвеж.
Дали сето ова навистина ќе биде погодно и корисно за крајните корисници? Самите луѓе во Мајкрософт тврдат дека работат активно, потпирајќи се на препораките на Скајп и во согласност со нив.