Глобална студија направена во 20 лаборатории воспостави и стандардизира метод за мерење на точните растојанија во рамките на одделни биомолекули, до степен од еден милионти дел од ширината на човековата коса, пишува Science Daily.
Новиот метод претставува големо подобрување на технологијата наречена FRET (Förster Resonance Energy Transfer), со која во реално време може да се следат движењето и интеракцијата на флуоресцентно обележаните молекули, дури и во живи клетки. Досега, технологијата главно се користеше за да се пријават промени во релативните растојанија – на пример, дали молекулите се приближуваат поблиску или подалеку.
FRET работи слично на сензорите за близина во автомобилите: колку е поблизу предметот, толку погласни или почести стануваат сигналите. Наместо да се потпира на акустиката, FRET се базира на промени кои се зависни од близината на флуоресцентната светлина која се емитира од две бои и се откриваат со специјализирани микроскопи. Технологијата ја револуционизираше и анализата на движењето и интеракциите на биомолекулите во живите клетки.
Поврзани артикли