Специјализираните компании, Michelin и Maxion Wheels, заеднички работат на развој на флексибилни фелни, дизајнирани да спречат оштетување кои најчесто се јавуваат како резултат на блиски средби на тркалата со ударни дупки и разни видови на нерамнини на патот.
Заедничкиот проект е наречен Acorus, а во моментов е во статус на тестирања кои треба да донесат до одлука за сериско производство.
Новата технологија на тркала е компатибилна со сите видови гуми што моментално се достапни на пазарот. Користи два тесни прстени направени од лесна легура, и два гумени прирабници поставени на централниот дел на обрачот. Овие дополнителни компоненти ја овозможуваат флексибилноста која е клучна карактеристика за да се спреча оштетувања на тркалото.
Според производителот, тестовите постојано покажуваат добри резултати. За разлика од пневматиците 285/30 R21, кои при брзина од 28 километри на час, трпат деформација по минување преку дупка, новата технологија овозможува безбеден премин преку истата, независно од брзината на возилото.
На овој начин, не само што ќе заштедат сопствениците на автомобили, туку се зголемува и нивото на безбедност на патиштата, со оглед на фактот дека возачот во секое време има целосна контрола на возилото, што не е случај кога на автомобилите се монтирани стандардни фелни.
Поврзани артикли