САД ги обвинија кинеските разузнавачки служби за користење на LinkedIn профили во обид да регрутираат Американци со пристап до владини и комерцијални тајни, пишува CNBC.
Шефот на американската контраразузнавачка служба, Вилијам Еванина, за Ројтерс изјавил дека американските претставници му посочиле на LinkedIn, кој е во сопственост на Microsoft, за “супер агресивната“ политика на Кина.
Според Еванина, кинеската кампања вклучува илјадиници членови на LinkedIn, но одбил да каже колку лажни профили биле откриени од страна на американските власти и колку Американци биле всушност контактирано од страна на кинеските шпиони.
Германија и Велика Британија претходно исто така ги предупредија своите граѓани дека Пекинг го користи LinkedIn за да ги регрутира како шпиони, а ова сега е и првпат американски државен претставник и официјално да ги посочи овие случувања како сериозен проблем за земјата.