Научници од Универзитетот Харвард развија нов метод за печатење кој користи звучни бранови за да генерира капки од течности со невиден спектар на композиција и вискозитет.
Оваа техника може да овозможи производство на многу нови биофармацевтски производи, козметика и храна, како и да ги прошири можностите на оптичките и проводните материјали.
“Со искористување на акустичните сили, создадовме нова технологија која овозможува печатење на огромен број на материјали капка по капа”, рече Џенифер Луис, професор по биолошки инспириран инженеринг во Харвард.
Течностите се користат во многу апликации од печатарско мастило на хартија до создавање на микрокапсули за лековите.
Инк-џет печатењето е најчестата техника која се користи за да се исцртаат течните капки, но тоа е погодно само за течности кои се приближно 10 пати погусти (повискозни) од водата.
Сепак, многу течности од интерес за истражувачите се многу повеќе вискозни. На пример, растворите на биополимери, кои се од витално значење за биофармацевтски производи и биопечати, се најмалку 100 пати повеќе вискозни од водата. Некои биополимери на база на шеќер можат да бидат толку вискозни како мед, што е 25.000 пати повеќе вискозно од водата.
Вискозитетот на овие флуиди исто така драматично се менува со температурата и составот, го отежнува оптимизирањето на параметрите за печатење како и за контрола на големината на капките.