Twitter почна да тестира нова опција која ќе ви дава препораки и предлози за профили кои би требало да ги отследите со цел да го „исчистите“ вашиот тајмлајн. Опцијата беше достапна само неколку дена и сега ја нема повеќе.
„Знаеме дека луѓето кои го користат Twitter сакаат чист и релевантен тајмлајн. Еден начин да го средат е ако ги отследат луѓето со кои немаат чест контакт. Поради тоа, ние направивме лимитирани тестови за да откриеме профили кои луѓето не би сакале да ги гледаат на нивниот тајмлајн, за потоа да им ги предложиме на корисниците како потенцијални кандидати за отследување“, пишуваше во соопштението издадено од Twitter.
Twitter is now suggesting accounts to UNFOLLOW!
h/t @medavep who got told to unfollow me! pic.twitter.com/PNaY7aQ9i0
— Matt Navarra | ? #StayAtHome (@MattNavarra) August 29, 2018
Иако на прв поглед не изгледа така, Twitter е во средината на контроверзна дилема околу нивото на либералност која ја поттикнува платформата. Дури и Доналд Трамп, претседателот на САД, се побуни дека Twitter ги „крие“ неговите твитови преку алгоритамот на платформата и преку „банирање од сенка“.
Оваа нова опција би можела да биде составен дел од Twitter во иднина и изгледа како многу корисна алатка во борбата против „досадниот и напорен“ тајмлајн кој оваа платформа многу често знае да го понуди. Сепак, ненајавениот тест и неговата краткотрајност даваат до знаење дека ниту Twitter не е сигурен дали би сакал да воведе ваква опција.
Поврзани артикли