Иако пазарот на 8К телевизори е на самиот почеток, се проценува дека до 2022. година ширум светот ќе има над 9 милиони ТВ уреди со таква резолуција
LG на IFA 2018 саемот ќе го претстави првиот 8К (7680х4320) OLED телевизор на светот. Овој 88-инчен 8К OLED телевизор ќе има преку 33 милиони самоосветлувачки пиксели кои што ќе создаваат размер на контраст најдобар досега и ќе создаваат вистинска црна боја која што го дефинира совршениот квалитет на сликата кај OLED телевизорите.
Се очекува испораката на OLED телеизорите двојно да се зголеми оваа година и да достигне преку 9 милиони единици до 2022 година. На тој начин, јужнокорејски LG ќе продолжи да го зголемува OLED уделот во своето портфолио на премиум телевизори и ќе ги натера корисниците повеќе да се насочуваат кон OLED телевизорите.
И покрај големиот напредок и на LCD технологијата, сепак OLED технологијата често се споменува како „технологија на приказ на новата генерација“, затоа што ја емитира својата светлина, елиминирајќи ја потребата за било какво позадинско осветлување. Благодарение на тоа, настануваат најмодерните телевизори кои што го редефинираат квалитетот на сликата и дизајнот на OLED телевизорите.
„Првиот 8K OLED телевизор на LG е врвот на технолошкото достигнување и следен еволуциски чекор во технологијата на приказот. 4K OLED телевизорите имаа голема улога во преобликувањето на индустријата на телевизорите, а LG се уверени дека 8K OLED телевизорите ќе го сторат истото“, изјави Брајан Квон, претседател на LG Home Entertainment.
Извор: Zimo.hr