Новиот Huawei Mate 20 телефон кој треба да биде претставен во октомври, се очекува да ги содржи истите функции на камерата како кај P20 Pro, но на подобар начин. Тоа по што овие два телефона би можело да се разликуваат е системот за безжично полнење, а новите гласини укажуваат на тоа дека Mate 20 би можел да понуди најбрзо безжично полнење во историјата на смартфоните.
Фотографијата, поставена на Weibo, го прикажува Huawei безжичниот полнач со број на моделот LZ80, кој го поддржува Qi стандардот за безжично полнење. Она што е најбитно, полначот поддржува излез од 20W, што ќе постави нов стандард за безжично полнење на телефонот.
Новиот Wireless Charger Duo на Samsung, од 2018 година, моментално поддржува 9W, додека полначи од други производителистигнуваат и до 15W. Huawei бежичниот полнач би бил прв со поддршка до 20W, иако не се знае дали Mate 20 ќе биде во можност да го искористи целокупниот потенцијал на таквиот полнач.
Стандардниот Qi безжичен полнач поддржува само до 15W, така што не е јасно како Huawei ќе го искористи целосниот потенцијал на 20W излез. Можно е компанијата да имплементира адаптиран чипсет за да ја зголеми излезната сила, но тој би бил достапен само за Mate 20.