Кинеската компанија Oukitel кон крајот на јули на пазарот го лансираше новиот смартфон наречен WP2, кој има батерија со капацитет од 10.000 mAh, како и трикратна заштита – што предизвика голем интерес кај љубителите на технологијата.
Големиот екран и двојната камера, со голем степен на заштита која гарантира долготрајност, на прв поглед го прават WP2 доста атрактивен модел на смартфон.
Цврстото куќиште на уредот го штити не само од вода и други течносит, туку и од различни честици на прашина и останати материјали. Без оглед дали се работи за вода, песок, бетон, кал, кафе или пак мрсна боја, WP2 без проблеми ги преживеа сите предизвици.
Смартфонот користи водоотпорен микрофон и звучник, потоа заштитен УСБ, како и заштитено лежиште за SIM и microSD картици, со што смартфонот обезбедува целосна заштита.