Skype од минатата недела на своите корисници им обезбеди end-to-end енкрипција на пораките, опција која што беше најавено уште во јануари годинава. Од компанијата на почетокот на 2018 ветија воведување на систем на комуникација во рамките на кој само оние кои си разменуваат пораки, можат и истите да ги прочитаат.
Корисникот најпрво мора да избере оваа функција, со оглед на тоа што таа не е предвидена со секој вид на размена на информации. Системот е сличен на оној што веќе е користен од страна на Facebook Messenger. End-to-end енкрипцијата е овозможена само кај поединечните комуникации и не се однесува на групната размена на содржина.
Skype и претходно нудеше одредена опција за енкрипција на пораките, но end-to-end енкрипцијата е далеку побезбедна од останатите опции. Со нејзиното воведување, Skype им се придружува на останатите платформи за комуникации кои овозможуваат ваков степен на безбедна комуникација, а како што се Apple iMessage сервисот и Facebook Messenger.
Поврзани артикли