Рибата-лав е закана не само за кревките екосистеми на коралниот гребен, туку и за нуркачите кои се задолжени да ги чуваат. Рибите-лав не само што ги искористуваат рибините јата, туку и имаат отровни боцки што ги прави прилично тешки за да се фатат. Студенти истражувачи на Политехничкиот институт Вустер имаат решение: роботски чувари. Тие создадоа автономен робот кој може да ги лови овие штетни риби, без потреба да биде приврзан за оператор кој може да им наштети на гребените.
Ботот се поврзува на постоечкиот подводен робот и се потпира на компјутерска визија (обучена со илјадници фотографии) за да ги забележи овие инвазивни видови на риби и да ги залови со едно од осумте копја. Секој врв на копјата е одвоен и пловен, па така секој успешен лов ја испраќа рибата на површината. Машината е добро прилагодена на околностите во океанот – истовремено е и отпорна на корозија од морска вода и користи херметичка комора за одржување на пловноста по секое искористување на копје.
WPI-автоматот се уште не е подготвен за употреба, а новата група студенти ќе работи на систем за навигација што може да му помогне на роботот да создаде 3D-мрежа за пребарување. Ако тоа успее, роботот би можел да стане важен дел од одбраната на гребенот, што ќе направи луѓето да не мора да се вклучени во тој процес освен ако немаат друг избор.