Популарниот канал за теории на заговор “UFOmania” објави видео кое покажува два чудни објекти кои лебдат на небото. Каналот открива дека видеото било снимено од камерата во Меѓународната вселенска станица (ISS).
Интересно е тоа што видеото беше пренесувано директно до милиони гледачи кои гледаат “ISS HD Earth Viewing Experiment”. Вообичаено, ISS го прекинува преносот кога се појавуваат некои аномалии во клиповите. Но, во овој случај, стримот не беше прекинат, и тоа направи многумина да веруваат дека NASA полека почнува да открива тајни за постоењето на вонземјаните.
“Средбата меѓу чудните објекти се случи директно пред Меѓународната вселенска станица. Луѓето кои го следеа видеото од настанот, рекоа дека е чудно што NASA не го прекинала стримот порано. Во претходни вакви стримови кога луѓето ќе забележеле нешто чудно, стримот ненадејно прекинувал со емитување”, пишува каналот за теории на заговор во описот на видеото.
Како што видеото станало вирално, теоретичарите на заговор почнале да тврдат дека НЛО-ата, забележани на камерата на ISS, всушност се вонземски вселенски бродови кои дошле од длабоката вселена. Според овие теоретичари, напредните вонземски животни форми ја посетуваат Земјата веќе стотици илјади години, и сега, откако луѓето исто така почнаа да го истражуваат космосот, овие вонземјани почнаа да одржуваат близок контакт со астронаутите на Меѓународната вселенска станица.
По гледањето на видеото, гледачите на “UFOmania” исто така ги споделија своите размислувања во врска со чудната средба.
“Тоа е неверојатно, јас отсекогаш верував во вонземјани. Не сум сигурен зошто владата едноставно не може само да го признае тоа”, коментира Investing Hustler, корисник на YouTube.
“Зошто се толку заинтересирани за нашата планета …… Мора да има безброј планети погодни за интелигентни хуманоиди”, коментира Хема Кетјал, уште еден ЈуТјубер.
Во меѓувреме, дел од теоретичарите на заговор тврдат дека овие чудни НЛО-а се всушност бродови на вселенските сили на Доналд Трамп. Овие теоретичари веруваат дека овие вселенски сили рутински патролираат со цел откривање на странски закани од длабоката вселена.