Брендот на Huawei, Honor го објави својот прв гејминг телефон, наречен Honor Play. Телефонот има 6.3-инчен дисплеј, 3750mAh батерија и Kirin 970 процесор, како и 4GB RAM-a и 64GB меморија.
Иако не се работи за моќни спецификации, Honor истакнува дека најголемата иновација кај Play моделот е имплементацијата на GPU Turbo технологија. Се работи за хардверско-софтверска интеграција, која што ги подобрува GPU перформансите за 60 проценти, додека истовремено ја намалува потрошувачката за 30 проценти.
Поврзани артикли