Коска којашто и припаѓа на една невообичаена тинејџерка уште еднаш го разбрани нашето разбирање на човековата историја, пишува The Indepedent, осврнувајќи се на најновото археолошко откритие.
Пред околу 50 илјади години, Евроазија била дом на две различни групи на луѓе, разделени помеѓу себе со илјадници години на еволуција – Неандерталците и Денисованците.
Анализата на фрагмент од коска пронајдена во една сибирска пештера открила дека девојката имала мајка Неандерталка и татко Денисовец. “Не очекував дека ќе бидеме толку среќни и дека ќе пронајдеме потомок на двете групи“, изјавила Вивијан Слон, еден од истражувачите при Институтот Макс Планк за еволуциона антропологија.
Фрагментот од коската, наречен “Денисова 11“, врз кој беше направена најновата анализа бил откриен од страна на руски археолози во 2012 година, пред да биде испратен во Германија на генетска анализа.