Audible сака да се ангажира како ваш личен тренер – па така Audiobook сервисот сега лансира аудио-фитнес програми во соработка со Aaptiv. Секоја програма има професионален тренер кој ве води низ предизвикувачки сет на вежби со една јасна цел, надополнето со саундтрак за дополнителна мотивација.
Првите три курсеви се насочени директно кон почетниците кои се заинтересирани за трчање на отворено и медитација за ослободување од стресот, но во следните фази апликацијата се насочува кон попредизвикувачки проблеми, како што е здодевноста која се појавува при стандардното рутинско вежбање во фитнес сала.
Програмите во моментов се бесплатни за Audible претплатници, но тоа нема да остане така, со тоа што пристапот ќе биде ограничен до 5-ти септември, а потоа тие ќе исчезнат од библиотеката на корисниците.
Поврзани артикли