Електричните велосипеди полека почнуваат да се користат и за воени потреби, а пионерите во примената на оваа технологија пристигнуваат од норвешките вооружени сили (GSV), одговорни за надгледување на 196-километри долага арктичка граница со Русија.
Војниците задолжени за гранична патрола често патуваат во воените транспортери со шест тркала, но проблемот со таквите големи возила е во тоа што произведуваат врева – за разлика од велосипедите чии тактички предности (како што е тишината) не и штетат на околината.
Според извештајот на Barents Observer, GSV го тестира користењето на електричните велосипеди во рамките на граничната патрола. Според норешкиот поручник Јорн Квилер, граничката патрола “ги испитува техничките предности на возилата, како и начинот на кој тие би се вклопиле во концептот на секојдневното гранично патролирање“. Работата е во тоа што новиот метод на транспорт покрива големи подрачја и се движи релативно брзо.
Според извештајот, новите велосипеди овозможуваат “тактички опции какви што GSV немал досега“.