Откако пред 14 месеци HTC и Intel за првпат го покажаа својот безжичен VR прототип, двете компании се конечно подготвени да го пуштат во употреба. Според соопштението на HTC, Intel WiGig-based Vive Wireless Adapter чини 299,99 долари и работи со Vive и Vive Pro, иако вториот бара дополнителни 60 долари за “пакет за компатибилност” – вклучува кабел за конекција, потпорна пена и уред за прикачување. Оние кои копнееа за оваа надградба, можат да направат преднарачка на производот на Amazon, Best Buy, Microsoft, NewEgg и HTC веб-страната Vive.com почнувајќи од 5 септември. Официјалното пуштање на производот во продажба е закажано за 24 септември.
За оние кои веќе имаат Vive или Vive Pro, единствениот системски услов овде е PCI-e слот на компјутерот (или надворешен PCI-e комплет) за инсталирање на сензорот за безжичниот адаптер. По инсталацијата сензорот е функционален до шест метри и има видно поле од 150 степени, се додека има директна врска со безжичниот адаптер. Уште подобро е тоа што може да има повеќе корисници на Vive кои го користат овој безжичен адаптер во истиот простор истовремено, што значи дека не мора да се грижите за луѓето да не се сопнат или да ги исклучат каблите. Она на што треба да се внимава е батеријата: Вклучениот HTC QC 3.0 PowerBank ќе ви трае до 2,5 часа, и очигледно може да го надградите на официјалниот веб-сајт.
Со оглед на тоа што Vive моментално е достапен за 499 долари, цената на безжичниот комплет од 299,99 долари може да биде превисока за некои потрошувачи, но најверојатно ќе биде исклучително добредојдена кај деловните клиенти, особено кај VR arcades, продавници и музеи.