Една нова студија на Универзитетот Харвард докажува дека најмалку една од три планети кои се наоѓаат надвор од нашиот Сончев систем е многу веројатно да има резерви на вода. Во исто време, научниците тврдат дека планетите чии големини се два до четирипати поголеми од големината на Земјата, имаат најдобри шанси за формирање живот.
Анализата на податоците од космичкиот телескоп Kepler, ловецот на егзопланети и мисијата Gaia покажуваат дека половина од испитуваните егзопланети може да имаат течна или замрзната вода.
Егзопланетите за првпат беа откриени во 1992 година. Оттогаш се откриени околу 4000 егзопланети. Научниците ги поделија во две големи категории: со радиус на планетите во просек околу 1,5 пати од радиусот на Земјата и со радиус 2,5 пати од радиусот на нашата планета. До денес, меѓународен тим на научници разви модел на нивната внатрешна структура, врз основа на податоци за мерење на маса и радиус добиени од сателитот Gaia.
Извор: bold.mk / news.ru
Поврзани артикли