Доколку е точна Bluetooth сертификацијата, која се појави овие денови, Samsung изгледа дека се подготвува да го претстави новиот Galaxy A4, смартфон кој би можел да се смести помеѓу Galaxy A8 / A8+ и Galaxy A6 / A6+ линиите кои се појавија претходно оваа година.
Неколку верзии на уредот, кој најверојатно ќе го носи името Galaxy A4, ја добија својата Bluetooth сертификација, што сугерира дека од објавата не не дели многу време.
Забележани се моделите SM-A460F, SM-A460F_DS, SM-A460N, SM-A460U, SM-A460X, SM-A460XN i SM-A460XC, а се сугерира дека секој од нив ќе биде наменет на одреден регион во склад со потребната LTE поддршка.
Моделот SM-A460F_DS сугерира dual-SIM можности, а оваа верзија на телефонот ќе биде понудена на некои пазари.
Кога се во прашање карактеристиките и спецификациите кои можат да се очекуваат од телефонот, многу голема е шансата да видиме Infinity дисплеј, алуминиумска изработка слична на Galaxy A6 моделите, додека интерниот хардвер засега е непознаница.
Samsung се уште не објави официјални информации за телефонот, па не е познато кога ќе биде лансиран. Гледајќи ги претходните објави на Bluetooth листинзите, Galaxy A4 може да се очекува најрано следниот месец.
Поврзани артикли