Samsung го демонстрираше својот прв 5G модем за мобилни уреди на CES 2018 во почетокот на годината. Ова се случи зад затворени врати, пред ограничен број претставници на медиумите. Компанијата сега потврди дека е подготвена со финалната верзија на овој чип кој се нарекува Exynos Modem 5100. Архитектурата е компатибилна со 3GPP стандардите и е прв од ваков вид во индустријата. Според податоците, Exynos Modem 5100 ќе се произведува масовно до крајот на 2018 година.
Првиот 5G модем за смартфони во светот e произведен со напредна 10-нанометри технологија и е компатибилен со сите популарни фреквенции користени од страна на мобилните оператори. Тука можеме да ги вклучиме и стандардите како 2G GSM / CDMA, 3G WCDMA, TD-SCDMA, HSPA и 4G LTE што е дополнување на 6GHz mmWave спектрите, пренесе официјалниот веб сајт на Samsung. Ова значи дека модемот практично ќе се користи во сите земји низ светот.
Samsung дури тврди дека модемот ќе гарантира брзина на симнување од 2Gbps, а со некои поставувања може да се зголеми до 6Gbps. Ова е околу 1,7 пати повеќе од претходниот Samsung модем. Сè уште не знаеме кој ќе биде првиот паметен телефон на компанијата што ќе го искористи новиот 5G модем. Сигурно ова ќе се претвори во една од водечките функции во мобилната индустрија во 2019 година.
Поврзани артикли