DisplayMate продолжува да ги третира екраните како дијаманти на паметните телефони, а моментната круна за најдобар дисплеј кај смартфоните му ја додели на најновиот модел што беше претставен неодамна – Samsung Galaxy Note 9.
Иако е малку превидливо, бидејќи секој нов Apple или Samsung телефон добива највисоки оценки за квалитетот на дисплејот, без разлика дали се работи за OLED или LCD. Секако, не смее да се запостави фактот дека на ова поле константно има напредок. DisplayMate секогаш приматот го става на подобрување на квалитетот на сликата и преизноста на боите, отколку на подобрување на перформансите на хардверот на екранот.
Екранот на Galaxy Note 9 донесува подобрувања и во перформансите, со зголемување на осветленоста од 27 проценти во однос на Note 8 во High Brightness режимот. Покрај ова, DisplayMate укажува на големи предности во прецизноста на приказот на боите, карактеризирајќи го овој сегмент на фаблетот поради што визуелно е невозможно да се разликува од перфектен. Се на се, дисплеј експертите му дадоа оценка на телефонот од А+, што е најголема оценка било кога за некој смартфон на DisplayMate тестови.