Paperlike HD има 13,3-инчен екран со резолуција од 2200 х 1650 пиксели
Првиот E-Ink компјутерски монитор се појави на пазарот. Новиот производ е дело на кинеската компанија Dasung Tech. Според производителот, „хартиениот“ екран, базиран на електронски мастила, го намалува заморот на очите по долготрајна работа, и при работа со програмирање, но и при повеќечасовно прелистување на веб-страници.
Моделот Paperlike HD има 13,3 инчи E-Ink дисплеј со резолуција од 2200×1650 пиксели. Екранот се поврзува со лаптоп и компјутер преку USB интерфејс и мини HDMI приклучок за видео сигналот.
Paperlike HD е наменет да се користи првенствено како монитор за поддршка, бидејќи сликата е црно-бела. Со мониторот доаѓа држач и VESA механизам за ѕиден носач, а корисникот може да го прилагоди контрастот и остантите функции.
Е-Ink мониторот тежи 650 грама и е дебел 7,1 милиметри. Компатибилен е со оперативни системи Windows 7 и понови верзии. Во моментов достапен е за купување преку повеќе канали и чини 1130 долари.
Извор: Technews.bg