Компјутерска игра наменета да ја подобри емпатијата кај малите деца

Компјутерска игра наменета за деца до 13 години ја подобрува емпатијата и го подобрува работењето на мозокот.

Играта се состои од робот кој што се урива на далечна планета, каде што за да може да ги собере деловите од неговиот вселенски брод за да го поправи, роботот мора да комуницира со вонземјаните на емоционална база. Вонземјаните зборуваат различен јазик, но изразите на лицето му се слични како кај луѓето.

Истражувањето покажа дека после две недели играње децата покажуваат поголемо работење во делот од мозокот заслужен за емпатија и за регулација на емоциите.

Децата преку играта за брзо време ги усовршуваа своите способности да се стават од перспективата на друга личност, т.е. ги подобруваат своите комуникациски вештини.