Ли Камбар од Феникс, Аризона направи дрон чија задача е да спречи потонување на децата. Станува збор за дрон наречен Morningstar SOS, кој има камери од 360 степени за следење на активноста на површината на базените и под неа. Камбар ја добил идејата кога ја видел статистиката на пожарникарските служби во Феникс дека годинава биле забележани 27 повици за помош и три смртни случаи поради давење на дете.
„Ми се запали сијаличката во главата, постои проблем и најди решение“ изјави Камбар, Неговата идеја е дронот Morningstar SOS, кој плови на средината на базенот додека неговите камери на горниот и долниот дел ја следат ситуацијата во базенот. Дронот комбинира технологија за детекција на движење и препознавање лице и ја скенира околината околу базенот, поршината на водата и под неа, а на родителите им испраќа известување ако нивните деца се приближат до базен, но и кога некое ќе се најде во вода.
Во итните случаи родителите можат да притиснат копче кое повикува помош. Пожарникарите предупредуваат дека во ваквите случаи секоја секунда е битна. Камбар се надева дека неговиот пловечки дрон ќе биде дополнителна помош за осигурување на безбедноста на децата во вода.
Извор: Klix.ba.