NASA со помош на Хабл направи детални обзервации на егзопланета од категоријата ултра-жежок Јупитер.

Класата ултра-жежок Јупитер ги опфаќа гасните џинови како Jупитер кои што кружат околу нивната ѕвезда многу блиску.

Kога орбитата е многу мала едната страна од планетата континуирано е завртена кон ѕвездата, ова прави атмосферата на планетата да достигнува температури над 3,000 степени додека на другата страна каде што е вечна темница, температурите достигнуваат околу 1,500 степени.

Интересното за овие планети е тоа што нивната атмосфера е составена од не-рефлектирачки материјал, така што тие не одбиваат светлина од нивната ѕвезда, но бидејќи атмосферата достигнува температура од 3,000 степени, тие испуштаат своја светлина и топлина што наликува на мала ѕвезда.

На сликата можете да видете симулација од ваков тип на егзопланета, жолтата боја не е од составот на атмосферата, туку од оганот кој што е вечен на оваа планета.