Бројот на „паметни“ домови брзо ќе се зголеми во Европа, а до 2022 година се очекува да надмине 100 милиони. Развојот во оваа насока е воден од активноста на европските компании и појавата на нови паметни уреди, според ABI Research.
Во просек околу 154 милиони паметни домашни апарати ќе бидат продадени во ЕУ за периодот што се разгледува. И бројот на домаќинства опремени со „паметни“ станбени системи ќе достигне 103 милиони во 2022 година.
Главен двигател за развојот на пазарот, според аналитичарите, ќе биде растот на директните инвестиции и активноста на европските компании кои, за разлика од своите конкуренти од САД, можат да нудат решенија прилагодени на барањата на законите во ЕУ како целина и во нејзините земји-членки.
Што се однесува до европските телекомуникациски компании, некои од нив, како Deutsche Telekom и Swisscom, нудат услуги за интелегентен дом повеќе од 10 години. Vodafone и BT за прв пат влегоа на овој пазар оваа година.
Зголемената конкуренција меѓу овие компании, како и проширување на листата на „паметни“ уреди и појавата на паметни функции во конвенционалната техника исто така ќе имаат значително влијание врз развојот на пазарот во следните 5 години.