Opera ќе стане првиот десктоп прелистувач со вградено портфолио на криптовалути

Следејќи го моделот на Android апликацијата, десктоп верзија на Opera ќе стане прв прелистувач со вградено портфолио за криптовалути. Тоа ќе ја елиминира потребата од инсталирање на дополнителни проширувања или апликации, но непријатната вест е дека засега ќе поддржува само Етереум.

Паричникот се синхронизира со оној на вашиот смартфон, користејќи го вградениот скенер на отпечатоци за овластување на трансакциите наместо лозинка. Сите податоци, вклучително и криптографската заштита, се чуваат на мобилниот уред, а врската со десктоп прелистувачот се случува преку елементарно скенирање на QR код.

Амбицијата на Opera е да се наметне интеграција со криптовалути на масовните корисници. Компанијата верува дека блокчеин технологијата е во можност да ја трансформира глобалната мрежа и ќе предизвика големи промени во наредните неколку години.

Крипто-паричникот ќе биде пуштен наскоро, а љубопитните кои сакаат да ја тестираат прелиминарната верзија може да се регистрираат тука.