Главниот победник ќе го добие лаптопот Matebook X, објава на победничката фотографија во National Geographic, 10.000 евра и прилика за учество во десетдневната фотоекспедиција на National Geographic.
До 20 август можете да се пријавите на натпреварот Next Image, кој од 9 јули го стартуваше Huawei. За помалку од еден месец веќе се пријавени повеќе од 27.000 фотографии снимени со паметен телефон, кои досега се прегледани и оценети повеќе од 120.000 пати.
Најпопуларна категорија е „Природа“, во рамките на која се пријавени 16.000 фотографии. „Добивме илјадници неверојатни фотографии, а најмногу уживам во тоа што многу од нив се направени со Huawei P20 Pro, нашиот најнов паметен телефон, првиот во светот опремен со три задни камери. Благодарение на Master AI систентот, уредот препознава предмети и ги прилагодува фотографиите со најдобрите поставки, создавајќи уметник од секого“ изјави Јанмин Ванг, извршен директор на Huawei Consumer Business Group во регионот Југисточна Европа.
Натпреварот се состои од шест категории: „Лица“, „Добра ноќ, „Живот!“, „Check-in“, „Природа“ и „Приказна“, а победниците од секоја поединечна категорија можат да ги освојат следните награди: второпласираниот и третопласираниот ќе добијат Huawei P20 Pro и P20 паметни телефони, додека останатите ќе бидат наградени според изборот на гласачите во шесте категории. Главниот победник кој ќе го избере стручно жири Huawei ќе го награди со лаптоп Matebook X, објава на победничката фотографија во списанието National Geographic, парична награда од 10.00 евра и можност за учество на десетдневна фотоизложба на списанието National Geographic во Италија во септември.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли